ГИНЕКОЛОГИЈА
Современа превенција, рана дијагностика и лекување на гинеколошки заболувања, по конзервативен и хируршки пат.
Преглед на одделот
Одделот за гинекологија обезбедува современа превенција, рана дијагностика и лекување на гинеколошки заболувања, по конзервативен и хируршки пат.
Во одделот се следи здравјето на жената во сите животни фази – од адолесценција, преку репродуктивниот период, до менопауза. Посебен фокус се става на превентивните гинеколошки прегледи, навремено откривање на преканцерозни и канцерозни промени, третман на бенигни и малигни заболувања, како и на минимално инвазивните хируршки процедури.
Гинеколошкиот тим работи со мултидисциплинарен пристап и тесна соработка со радиологија, патологија, онкологија, урологија и Центарот за мајка и бебе, со цел секоја пациентка да добие индивидуализиран и безбеден третман.