ФИЗИОТЕРАПИЈА

Рехабилитација кај пациенти со невромускулни, ортопедски и респираторни состојби кои влијаат на нивната мобилност и функционалност.

Преглед на одделот

Во одделот за физиотерапија се спроведува рехабилитација кај пациенти со невромускулни, ортопедски и респираторни состојби кои влијаат на нивната мобилност и функционалност.

Со индивидуално избрани терапии, современа опрема и мултидисциплинарен пристап, тимот на физиотерапевти помага во намалување на болката, подобрување на движењето и враќање на физичката кондиција и квалитетот на живот.

Болести и состојби

Во одделот се третираат:

  • Мускулоскелетни состојби
    повреди на мускули, тетиви и лигаменти, тендинопатии и синдроми на болка
  • ‘Рбетни заболувања
    лумбален синдром, дискус хернија, дегенеративни промени и радикулопатија
  • Невролошки состојби
    пареза, плегија и состојби по мозочен удар
  • Постоперативна рехабилитација
    закрепнување по ортопедски и хируршки интервенции
  • Фрактури
    поддршка при заздравување и враќање на функцијата
  • Синдроми на нервна компресија
    карпален тунел и слични состојби
  • Респираторни заболувања
    ХОББ, астма, бронхопневмонија и респираторна инсуфициенција
  • Урогенитални состојби
    уринарна и фекална инконтиненција, постпартални состојби
  • Состојби на карлично дно
    слабост, еректилна дисфункција и постпростатектомска рехабилитација
  • Хронична и акутна болка
    третман и контрола на болни синдроми

Дијагностика и третмани

Во одделот се применува сеопфатен физиотерапевтски пристап, кој започнува со детална проценка и продолжува со индивидуално прилагоден план за рехабилитација, со цел подобрување на функцијата, намалување на болката и враќање на пациентот во секојдневните активности.

Детална анализа на состојбата која вклучува проценка на подвижност, мускулна сила, координација, болка и функционален статус. Врз основа на ова се изработува индивидуален план за рехабилитација со јасно дефинирани цели.

Примена на медицински вежби (пасивни, активно-потпомогнати и активни) за подобрување на подвижноста, јакнење на мускулатурата и враќање на функционалноста. Се користи кај ортопедски, невролошки и постоперативни пациенти.

Примена на електрични струи за намалување на болката, стимулација на мускулите и подобрување на невромускулната функција. Особено ефективна кај хронични болки, повреди и невролошки состојби.

Неинвазивна терапија која користи магнетни импулси за стимулација на мускулите и нервите, со цел подобрување на мускулната контрола, циркулацијата и функцијата на карличното дно.

Терапија со нискоенергетски ласер за намалување на воспаление, болка и забрзување на регенерацијата на ткивата.

Иновативна неинвазивна метода за внесување на колаген во подлабоките слоеви на ткивата, што придонесува за подобрување на еластичноста, регенерацијата и намалување на болката.

Апарати за континуирано пасивно движење на зглобовите, особено по операции на колк и колено, со цел спречување на вкочанетост и подобрување на опсегот на движење.

Апарати за активна и пасивна рехабилитација на горните и долните екстремитети, особено кај пациенти со невролошки нарушувања или ограничена подвижност.

Апликација на еластични ленти за стабилизација на мускули и зглобови, намалување на болката и подобрување на циркулацијата без ограничување на движењето.

Мануелна техника со специјални инструменти за третман на меки ткива, фасции и мускулни контрактури, со цел подобрување на подвижноста и намалување на болката.

Примена на компресивни ленти за подобрување на циркулацијата, мобилноста и функцијата на зглобовите.

Специјализирани техники за подобрување на белодробната функција, вклучувајќи дишни вежби, вибротерапија, постурална дренажа и инхалаторна терапија.

Неинвазивна поддршка на дишењето со позитивен притисок, која се користи кај пациенти со нарушена белодробна функција или синдром на спиечка апнеа.

Овој интегриран пристап овозможува побрзо закрепнување, подобрување на функционалноста и долгорочно одржување на здравјето.

Технологија и опрема

Одделот располага со современа опрема која овозможува прецизна, безбедна и ефективна рехабилитација:

  • FMS Care и FMS Prestige системи
    напредни уреди за функционална магнетна стимулација, кои овозможуваат длабока мускулна активација без директен контакт со кожата.
  • FMS столици
    специјализирана опрема за третман на инконтиненција и зајакнување на карличното дно, особено кај пациенти по породување или со хронични уролошки проблеми.
  • Motomed Letto
    апарат за терапија на горни и долни екстремитети во лежечка положба, наменет за пациенти со ограничена подвижност или невролошки оштетувања.
  • Astar ласер
    уред за биостимулирачка ласерска терапија со висока прецизност, кој овозможува брзо намалување на болка и воспаление.
  • Gunaphoresis систем
    апаратура за трансдермална апликација на колаген, која овозможува регенерација на ткивата без инвазивни процедури.
  • Artromot CPM апарати
    системи за пасивно движење на зглобовите, кои се користат во рана постоперативна рехабилитација.
  • Kinesio Tex ленти
    специјализирани еластични ленти за поддршка на мускулите и зглобовите.
  • Heinen + Löwenstein апарати
    современи уреди за респираторна поддршка и CPAP терапија, кои обезбедуваат подобрување на оксигенацијата и функцијата на дишењето.

Оваа комбинација на напредни терапевтски техники и современа опрема овозможува персонализиран, ефикасен и безбеден процес на рехабилитација.

Патот на пациентот

  • Упатување
    Препорака од доктор специјалист.
  • Проценка
    Физиотерапевтска евалуација.
  • План за рехабилитација
    Индивидуално дефиниран пристап.
  • Третман
    Спроведување на терапија.
  • Домашни препораки
    Насоки за продолжување на терапијата.
  • Следење
    Контроли и проценка на напредок.
Мими може да ви помогне во закажувањето на Вашиот термин