НЕФРОЛОГИЈА
Дијагностика, третман и следење на заболувања на бубрезите и уринарниот систем.
Преглед на одделот
Одделот за нефрологија во Клиника Жан Митрев обезбедува дијагностика, третман и следење на заболувања на бубрезите и уринарниот систем.
Се згрижуваат пациенти со акутни и хронични бубрежни заболувања, пациенти на дијализа, како и пациенти кои се подготвуваат за или веќе имаат извршено бубрежна трансплантација.
Пристапот е индивидуализиран и се базира на соработка со други специјалности, со цел обезбедување целосна грижа за пациентот.
Болести и состојби
Во одделот се дијагностицираат и третираат:
Акутна и хронична бубрежна болест
Гломерулонефритиси
Дијабетска и хипертензивна нефропатија
Реноваскуларна болест
Кардиоренален синдром
Уринарни инфекции
Камења во бубрези и уринарни патишта
Автоимуни бубрежни заболувања
Нефротски синдром
Протеинурија и хематурија
Електролитни и ацидо-базни нарушувања
Наследни бубрежни заболувања
Подготовка за дијализа
Подготовка и следење по трансплантација
Бубрежни заболувања во бременост
Проценка на надбубрежни жлезди
Проценка на простата и уринарен тракт
Малигни бубрежни заболувања
Дијагностика и третмани
Одделот за нефрологија применува современи дијагностички и терапевтски методи за прецизна проценка на функцијата на бубрезите, рано откривање на заболувањата и долгорочно следење на пациентите.
Сеопфатна проценка на бубрежната функција преку мерење на креатинин, уреа, електролити, протеини и други метаболни параметри. Анализите на урина овозможуваат откривање на протеинурија, хематурија, инфекции и други нарушувања.
Специјализирани анализи кои се користат за дијагноза на автоимуни и воспалителни заболувања на бубрезите, вклучувајќи гломерулонефритиси, васкулити и системски заболувања кои ги зафаќаат бубрезите.
Неинвазивен преглед за проценка на големината, структурата и положбата на бубрезите, мочниот меур и уринарниот тракт, како и за откривање на камења, цисти, опструкции и други промени.
Пресметка на способноста на бубрезите да ја филтрираат крвта, со цел да се одреди стадиумот на бубрежната болест и да се следи нејзината прогресија.
Детално мерење на протеини, креатинин, електролити и други супстанции во урината во текот на 24 часа, што дава важни информации за функцијата на бубрезите и тежината на заболувањето.
Доплер ултразвук, КТ и други методи за визуелизација се користат за проценка на крвните садови на бубрезите и откривање на реноваскуларни заболувања, стеснувања, тромбози и нарушена циркулација.
Прецизна дијагностичка процедура која се изведува кај одредени пациенти за земање мал примерок од бубрежно ткиво за микроскопска анализа. Особено е важна кај гломеруларни, автоимуни и нејасни бубрежни заболувања.
Третманот е индивидуализиран според дијагнозата и може да вклучува:
Индивидуално прилагоден третман за бубрежни заболувања, висок крвен притисок, дијабетска нефропатија, автоимуни состојби и електролитни нарушувања.
Проценка на состојбата на пациентот и планирање на најсоодветен васкуларен пристап пред започнување на дијализа.
Хируршко создавање и следење на васкуларен пристап кај пациенти на кои им е потребна долгорочна дијализа.
Целосна евалуација на пациенти и донори, вклучувајќи лабораториски, радиолошки и имунолошки испитувања.
Редовна контрола на функцијата на трансплантираниот бубрег, имуносупресивната терапија и рано откривање на евентуално отфрлање или компликации.
Долгорочно следење на пациенти со хронична бубрежна болест со цел да се забави прогресијата на заболувањето, да се спречат компликации и да се подобри квалитетот на живот.
Технологија и опрема
Одделот располага со современа медицинска опрема која овозможува прецизна дијагностика, континуирано следење и ефикасен третман:
Ултразвучни апарати со висока резолуција
современи ултразвучни системи за детална проценка на бубрезите, уринарниот тракт, крвните садови и трансплантираниот бубрег.КТ дијагностика
напредна визуелизација за прецизна проценка на бубрезите, уринарниот тракт и околните структури, особено кај посложени случаи и пред интервенција.Современа лабораториска дијагностика
брзи и прецизни анализи на крв и урина, вклучувајќи биохемиски, имунолошки и серолошки испитувања важни за нефролошките заболувања.Системи за следење на бубрежна функција
алатки и софтвер за континуирано следење на функцијата на бубрезите, лабораториските параметри и прогресијата на хроничната болест.Интегриран електронски систем
дигитално следење на медицинската историја, лабораториските резултати, снимањата и терапијата, што овозможува координирана и континуирана грижа за пациентот.
Специјалисти
Проф. д-р Нинослав Ивановски
Специјалист по интерна медицина
Супспецијалист по нефрологија
Д-р Катерина Ристоска
Специјалист по интерна медицина
Супспецијалист по нефрологија
Патот на пациентот
Патот на пациентот во Одделот за нефрологија се одвива низ неколку јасно дефинирани чекори:
Консултација
Иницијален преглед, детална анамнеза и проценка на симптомите од страна на нефролог.
Дијагностика
Спроведување на лабораториски анализи и дополнителни испитувања за проценка на бубрежната функција.
Поставување дијагноза и план за третман
Интерпретација на резултатите и дефинирање на индивидуализиран пристап.
Спроведување на третман
Mедикаментозна терапија, подготовка за дијализа или трансплантација кога е потребно.
Следење
Редовни контроли, долгорочно следење и превенција на компликации.