ЦЕНТАР ЗА МАЈКА И БЕБЕ
Целосна грижа и посветеност за трудницата во текот на целата бременост, максимална безбедност и грижа во тек на породувањето, како и во постпородилниот период.
Преглед на одделот
Центарот за мајка и бебе обезбедува целосна грижа и посветеност за трудницата во текот на целата бременост, максимална безбедност и грижа во тек на породувањето, како и во постпородилниот период.
Нашиот пристап кон трудницата се базира на доверба, експертиза и внимателна комуникација со секоја бремена жена. Без разлика дали породувањето ќе биде по природен пат или оперативно со царски рез, сè се одвива со јасен план и континуирана поддршка. Центарот е дизајниран и организиран да обезбеди пријатно чувство и максимална безбедност на трудницата и родилката во секое време.
Во рамки на центарот се обезбедува и специјализирана неонатална грижа за новороденчињата, со rooming-in престој заедно со мајката и можност за постојано присуство и едукација на родителите. Кај новороденчиња кои имаат потреба од повисок степен на надзор, достапна е интензивна неонатална нега и специјализиран медицински транспорт.
Болести и состојби
Во одделот се следат и третираат:
Физиолошка (нормална) бременост
Патолошка бременост
Ризична и високоризична бременост
Предвремено породување
Мултипла бременост
Фетални малформации и хромозомски абнормалности
Неонатална жолтица
Прематуритет и екстремно предвремено родени бебиња
Белодробни, метаболни и инфективни состојби кај новороденчиња
Перинатална асфиксија и други компликации при породување
Дијагностика и третмани
Во Центарот за мајка и бебе се применуваат современи дијагностички методи и третмани кои овозможуваат безбедно следење на бременоста, навремено препознавање на ризици и соодветна грижа за мајката и новороденчето.
Редовна проценка на состојбата на мајката и плодот, со следење на растот, развојот и текот на бременоста.
Детална визуелизација на плодот и проценка на крвотокот во папочната врвца, плацентата и феталните крвни садови.
Следење на срцевата работа на плодот и маточните контракции, особено во подоцнежна бременост и пред породување.
Биохемиски и ултразвучен скрининг за проценка на ризик од хромозомски абнормалности и одредени вродени состојби.
Неинвазивни и инвазивни методи за рана проценка на хромозомски абнормалности и генетски нарушувања кај плодот.
Инвазивни дијагностички процедури кои се применуваат кога постои медицинска индикација за подетална генетска анализа.
Детален морфолошки преглед на плодот за рано откривање на структурни аномалии и развојни неправилности.
Рутински и специфични испитувања за следење на здравствената состојба на трудницата и навремено откривање на инфекции, анемија, метаболни или други нарушувања.
Во рамки на акушерскиот третман се обезбедуваат:
Водење на вагинално породување со континуирано следење на мајката и плодот и поддршка во секоја фаза од породувањето.
Оперативно завршување на бременоста кога постои медицинска индикација или кога тоа е најбезбедна опција за мајката и бебето.
Современ анестезиолошки пристап кој овозможува поголем комфор и контрола на болката за време на породувањето.
Следење и третман на ризични бремености со индивидуализиран план и почести контроли.
Процедури кои се применуваат при одредени состојби за продолжување на бременоста и намалување на ризикот од компликации.
Кај новороденчињата се обезбедуваат:
Mониторирање на телесна температура, срцева фреквенција, кислородна сатурација, дишење и општа состојба на новороденчето.
Дијагностички процедури за проценка на состојбата на новороденчето, особено кај ризични или предвремено родени бебиња.
Рана детекција на вродени нарушувања со цел навремено следење и третман.
Третман на новороденчиња со потешкотии во адаптацијата, дишењето или други сериозни состојби.
Практична и едукативна поддршка за мајката во воспоставување на доење и секојдневна грижа за бебето.
Технологија и опрема
Центарот за мајка и бебе располага со современа технологија и специјализирана опрема која овозможува безбедно следење на бременоста, сигурно породување и интензивна грижа за новороденчињата.
Модерна родилна сала со конфигурабилен родилен стол
овозможува приспособување на положбата на трудницата и поголем комфор за време на породувањето, како и подобри услови за работа на медицинскиот тим.Современа операциона сала
целосно опремена за изведување на царски рез и други акушерски интервенции, со можност за брза реакција во итни состојби.4D ултразвучен апарат
овозможува детална визуелизација на плодот, следење на неговиот развој и рано откривање на евентуални аномалии.Колор-доплер систем
се користи за проценка на крвотокот помеѓу мајката, плацентата и плодот, особено кај ризични бремености.Кардиотокограф (CTG)
апарат за континуирано следење на срцевата работа на плодот и маточните контракции, пред и за време на породувањето.Хибридни болнички соби за мајка и бебе
овозможуваат rooming-in престој, односно мајката и бебето да бидат заедно од првиот ден, во пријатна и безбедна средина.Panda ресусцитатори и T-реаниматори
специјализирана опрема за итна стабилизација и реанимација на новороденчиња веднаш по раѓањето.Инкубатори и транспортен инкубатор
обезбедуваат контролирана температура, влажност и услови за нега кај предвремено родени и ризични новороденчиња, како и безбеден транспорт кога е потребно.Неонатални вентилатори за инвазивна и неинвазивна вентилација
се користат кај новороденчиња со респираторни потешкотии и овозможуваат прецизна поддршка на дишењето.Монитори за континуирано следење
овозможуваат постојано следење на пулс, сатурација, крвен притисок, дишење и температура кај мајката и новороденчето.Фотоламби и билиќебе
се користат за третман на неонатална жолтица преку безбедна и контролирана фототерапија.Апарат за скрининг на слух
овозможува рано откривање на евентуални нарушувања на слухот уште во првите денови по раѓањето.ЕХО апарат за новороденчиња
се користи за проценка на срце, мозок и внатрешни органи кај новороденчиња со потреба од дополнителна дијагностика.Сетови за централни умбиликални катетри
овозможуваат сигурен венски пристап и примена на терапија кај критично болни или екстремно предвремено родени бебиња.
Специјалисти
Проф. д-р Елена Џикова
Специјалист по гинекологија и акушерство
Супспецијалист по перинатологија
Д-р Рената Димитриоска
Специјалист по педијатрија
Супспецијалист по неонатологија
Прим. д-р Менду Јегени
Специјалист по гинекологија и акушерство
Д-р Маја Анѓелеска
Специјалист по педијатрија
Д-р Владимир Кижески
Специјалист по гинекологија и акушерство
Д-р Јелена Голубовиќ Симјановски
Специјалист по гинекологија и акушерство
Д-р Станислава Анѓелеска
Специјалист по педијатрија
Доц. д-р Ирена Андонова
Специјалист по акушерство и гинекологија
Прим. д-р Дончо Дервишов
Специјалист по педијатрија
Д-р Гордана Христова
Специјалист по педијатрија
Породилни пакети
Пакет за безболно спонтано породување

Пакетот за безболно спонтано породување опфаќа услуги во сите фази од вашата бременост и по неа. Во овој пакет вклучени се:
- Бесплатни акушерски прегледи по 36 недела од бременоста кои се состојат од:
*ултразвучен (ехо) преглед на плодот со кој се утврдува состојбата на плодот
*колор-доплер за испитување на протокот на крв во папочната врвца и мозочните крвни садови и
*кардиотокографија (CTG) за утврдување на состојбата на постелката и количината на околуплодова вода - Едукативен материјал за безбедна бременост
- Антенатална едукација на родителите за самиот процес на породување, постпородилниот период и негата на
новороденото - Комплетна лабораториска подготовка пред породување (со резултати не постари од пет дена)
- Вагинален брис за ГБС
- Анестезиолошки преглед
- Безболно породување со анестезија (епидурална и спинална) по претходен преглед од анестезиолог
- Едукативен материјал за безбедна бременост
- Антенатална едукација на родителите за самиот процес на породување, постпородилниот период и негата на
новороденото - Комплетна лабораториска подготовка пред породување (со резултати не постари од пет дена)
- Вагинален брис за ГБС
- Анестезиолошки преглед
- Безболно породување со анестезија (епидурална и спинална) по претходен преглед од анестезиолог
- Присуство на педијатар на породување и обсервација на
новороденчето по породувањето - Престој на родилката и новороденчето од 3 болнички денови во еднокреветна соба
- Свежо подготвени, избалансирани оброци за време на престојот
- Континуирана нега и контрола на родилката во тек на хоспитализација
- Медикаментозна терапија
- Едукација на родилката за грижа и нега на новороденчето, вклучително и едукација за техника на доење.
- Едукативен прирачник за грижа и нега на новороденчето
- Целосна грижа за новороденото од страна на неонатолошки медицински тим која вклучува: аудиолошки скрининг, кардиолошки скрининг по потреба и тестирање за толеранција на превоз со детско седиште во автомобил
- 24 часовна достапност за консултација со неонатолошкиот тим
- Посета од патронажна сестра *достапна на територија на град Скопје
- 4 бесплатни педијатриски прегледи на новороденото во
првиот месец по отпуст од родилиштето (вклучен
ортопедски скрининг) + Вакцинација - Бесплатна консултација со хирург за естетска и пластична
хирургија - Бесплатен контролен гинеколошки преглед за родилката,
6 недели по породување (со претходно закажување на
02/3091-484 или 070 330 638) - 10% попуст за родилката на услугите во Центарот за
естетска дерматологија и Центарот за стоматологија - 10% попуст на сите следни педијатриски прегледи во
Клиника Жан Митрев - 10% попуст за супспецијалистички офталмолошки
преглед за родилката и бесплатен преглед на новороденчето во првата година во Центарот за
офталмологија во соработка со Промедика Офталмологија - Престој на родилката и новороденчето од 3 болнички
денови во еднокреветна соба - Свежо подготвени, избалансирани оброци за време на престојот
- Континуирана нега и контрола на родилката во тек на хоспитализација
- Медикаментозна терапија
- Едукација на родилката за грижа и нега на новороденчето, вклучително и едукација за техника на доење.
- Едукативен прирачник за грижа и нега на новороденчето
- Целосна грижа за новороденото од страна на неонатолошки медицински тим која вклучува: аудиолошки скрининг, кардиолошки скрининг по
потреба и тестирање за толеранција на превоз со детско седиште во автомобил - 24 часовна достапност за консултација со неонатолошкиот тим
- Посета од патронажна сестра
*достапна на територија на град Скопје - Транспарентни услови
- Можност за плаќање на рати со потпишан договор
- Соработка со сите приватни осигурителни компании доколку имате приватно здравствено осигурување
- Сите поволности од пакетот се достапни со претходен депозит од 12.000 ден. кој потоа се одбива од цената за породување
Важно: Доколку при породувањето се појават неочекувани компликации или потреба од продолжен престој и лекување од кои ќе произлезат дополнителни трошоци, истите не се дел од овој пакет
Единствено во Клиника Жан Митрев во Центарот за мајка и бебе се спроведува безболно, природно породување со помош на седација со азотен оксид или попознат како гас за смеење. Седацијата односно инсертирањето на гасот азотен оксид се прави преку апаратот Master Flux Plus Device for Sedation што клиниката го набави токму за оваа намена.
Седацијата со азотен оксид е помалку инвазивна техника која носи помал ризик од несакани ефекти споредено со епидуралната анестезија. Тоа е мешавина составена од азотен оксид и кислород во еднаков сооднос и ја намалува болката, анксиозноста и нервозата, а тоа делува и врз рефлексот за породување, родилките се поопуштени и полесно оди породувањето. Поради ефектот на смеење кој го предизвикува, азотниот оксид се нарекува и гас за смеење а во акушерство погоден е поради брзото дејство, брзата елиминација од телото по прекин на употребата.
Гасот се користи за аналгезија и анксиолиза и за помали акушерски интервенции но и при други болни процедури како стоматолошки, кардио интервенции, кај деца и кај популацијата со специјални потреби, но може да се употреби и како дополнителна терапија за хронична болка кај онколошки пациенти.
Овозможува многу предности за пациентите, го редуцира стресот, ја намалува перцепцијата за болка и овозможуваа брзо опоравување. Покрај тоа може да се примени на сите пациенти со максимална безбедност и го редуцира времетраењето зафатот. Некои жени претпочитаат да користат азотен оксид за време на контракции, а други претпочитаат да го користат за да се релаксираат помеѓу контракциите.
Гасот се внесува преку мала маска за да се вдише гасот и откако ќе се отстрани маската, ефектите на азотен оксид брзо исчезнуваат.
Пакет за породување со царски рез

Пакетот за породување со царски рез опфаќа услуги во сите фази од вашата бременост и по неа.
Во овој пакет вклучени се:
- Бесплатни акушерски прегледи по 36 недела од бременоста кои се состојат од:
*ултразвучен (ехо) преглед на плодот со кој се утврдува
состојбата на плодот;
*колор-доплер за испитување на протокот на крв во
папочната врвца и мозочните крвни садови и
*кардиотокографија (CTG) за утврдување на состојбата
на постелката и количината на околуплодова вода - Вагинален брис за ГБС
- Едукација на родителите за породувањето, постпородилниот период и нега на новороденото
- Едукативен материјал за безбедна бременост
- Комплетна лабораториска подготовка, со резултати не постари од пет дена
- Прием на ден на породување
- Анестезиолошки преглед
- Анестезија (спинална или општа) по претходен преглед од анестезиолог
- Присуство на педијатар на породување и обсервација на
новороденчето по породувањето - Престој на родилка и новороденче од 4 болнички денови во еднокреветна соба
- Свежо подготвени, избалансирани оброци за време на престојот
- Континуирана нега и контрола на родилката во тек на хоспитализација
- Медикаментозна терапија
- Едукација на родилката за грижа и нега на новороденчето и едукација за техника на доење
- Целосна грижа за новороденото од страна на неонатолошки медицински тим која вклучува: аудиолошки скрининг, кардиолошки скрининг по
потреба и тестирање за толеранција на превоз со детско седиште во автомобил - 24 часовна достапност за консултација со неонатолошкиот тим
- Посета од патронажна сестра
*достапна на територија на град Скопје
Подарок за мама и бебе
- Бебешка торба со информативен материјал за родителите, прекривка, пакет производи за нега на новороденото и родилката од медицинската козметика Institute
- Фотографирање при отпуст во специјален корнер
- Ваучер за офталмолошки услуги
- 4 бесплатни педијатриски прегледи на новороденото во првиот месец по отпуст од родилиштето (вклучен ортопедски скрининг) + Вакцинација
- Бесплатна консултација со хирург за естетска и пластична хирургија
- Бесплатен контролен гинеколошки преглед за родилката, 6 недели по породување (со претходно закажување на 02/3091-484 или 070 330 638)
- 10% попуст за родилката на услугите во Центарот за естетска дерматологија и Центарот за стоматологија
- 10% попуст на сите следни педијатриски прегледи во Клиника Жан Митрев
- 10% попуст за супспецијалистички офталмолошки преглед за родилката и бесплатен преглед на новороденчето во првата година во Центарот за офталмологија во соработка со Промедика Офталмологија
- Транспарентни услови
- Можност за плаќање на рати со потпишан договор
- Соработка со сите приватни осигурителни компании доколку имате приватно здравствено осигурување
- Сите поволности од пакетот се достапни со претходен депозит од 12.000 ден. кој потоа се одбива од цената за породување
Важно: Доколку при породувањето се појават неочекувани компликации или потреба од продолжен престој и лекување од кои ќе произлезат дополнителни трошоци, истите не се дел од овој пакет
Патот на трудницата
Првичен преглед
Aнамнеза, акушерски и ултразвучен преглед, проценка на бременоста и создавање индивидуален план за породување, со запознавање со тимот и родилната сала.
Следење на бременоста
Редовни гинеколошки и ултразвучни контроли, кардиотокографија и дополнителни испитувања според потребите на бременоста.
Породување
Спонтано или со царски рез, со можност за безболно породување и постојано присуство на акушерски, анестезиолошки и неонатолошки тим.
Постпородилна грижа
Следење на мајката и новороденчето, поддршка за доење, едукација за нега и rooming-in престој.
Постнатални контроли
Гинеколошки и педијатриски прегледи и следење на закрепнувањето и развојот на бебето.