ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

Дијагностика и третман на различни заболувања со минимално инвазивни процедури, под контрола на КТ или ангиографија.

Преглед на одделот

Интервентната радиологија претставува современа гранка на медицината која овозможува дијагностика и третман на различни заболувања со минимално инвазивни процедури, под контрола на КТ или ангиографија.

Со користење на прецизна радиолошка навигација, интервенциите се изведуваат без класична хирургија, со пократко време на опоравување, помал ризик и побрзо враќање на пациентот во секојдневните активности.

Болести и состојби

Во одделот се третираат:

  • Васкуларни заболувања
    стеснувања, аневризми и васкуларни малформации
  • Онколошки состојби
    тумори и метастази
  • Инфекции и апсцеси
    потреба од дренажа
  • ‘Рбетни заболувања
    дискус хернија и болкови синдроми
  • Гастроинтестинални заболувања
    полипи и туморски формации
  • Состојби со потреба од биопсија
    дијагностичка потврда

Дијагностика и третмани

Интервенциите се изведуваат под контрола на напредни радиолошки методи, кои овозможуваат прецизно насочување и безбедно изведување на процедурите.

Во одделот се применуваат минимално инвазивни техники со дијагностичка и терапевтска цел:

Неваскуларни интервентни процедури

Прецизно позиционирање на игла за земање ткиво од сомнителни лезии, со минимален ризик и висока дијагностичка точност.

Евакуација на апсцеси и патолошки колекции со поставување дрен, со истовремено добивање материјал за анализа.

Апликација на кортикостероид и анестетик во близина на нервен корен за намалување на болка и воспаление.

Апликација на терапија директно во интервертебрален диск кај дискус хернија, со цел намалување на притисок и симптоми.

Напредна 3Д реконструкција на дебело црево со висока резолуција за рана детекција на полипи и тумори.

Васкуларни интервентни процедури

Трансартериелна хемоемболизација
Селективна емболизација на туморска васкуларизација со апликација на терапевтски агенси директно во лезијата.

Поставување стент за проширување на стеснети артерии и подобрување на проток.

Ендоваскуларна репарација на абдоминална аорта со имплантација на стент-графт.

Минимално инвазивен третман на аортни заболувања во торакален сегмент.

Проширување на венски стеснувања со подобрување на венски проток.

Динамичка визуелизација на венски систем со контрастно средство.

Прецизно прикажување на фистулозни канали и нивна комуникација со околни структури.

Технологија и опрема

Одделот располага со напредна радиолошка и ангиографска опрема која овозможува висока прецизност, безбедност и минимална инвазивност на процедурите:

  • Компјутеризирана томографија (КТ)
    високо резолуциска визуализација со можност за прецизно водење на интервенции во реално време.
  • Ангиографска сала
    специјализирана средина за васкуларни процедури со флуороскопска контрола.
  • Флуороскопија
    континуирана визуализација на крвни садови и катетри за време на интервенција.
  • Контрастни системи
    подобрена визуелизација на васкуларни структури и органи.
  • Катетеризациски системи
    микрокатетри, водичи и стентови за прецизна ендоваскуларна навигација.
  • Системи за 3Д реконструкција
    напредна обработка на слики за подобро планирање и изведба на процедури.

Оваа технологија овозможува минимално инвазивни интервенции со помал ризик, пократок престој и побрзо закрепнување за пациентите.

Специјалисти

Патот на пациентот

  • Консултација
    Проценка од радиолог и индикација за интервенција.
  • Дијагностика
    Избор на соодветна процедура.
  • Интервенција
    минимално инвазивен третман.
  • Следење
    Краток постпроцедурален надзор.
  • Отпуст
    Брзо враќање во секојдневни активности.
Мими може да ви помогне во закажувањето на Вашиот термин