НЕФРОЛОГИЈА

Дијагностика, третман и следење на заболувања на бубрезите и уринарниот систем.

Преглед на одделот

Одделот за нефрологија во Клиника Жан Митрев обезбедува дијагностика, третман и следење на заболувања на бубрезите и уринарниот систем.

Се згрижуваат пациенти со акутни и хронични бубрежни заболувања, пациенти на дијализа, како и пациенти кои се подготвуваат за или веќе имаат извршено бубрежна трансплантација.

Пристапот е индивидуализиран и се базира на соработка со други специјалности, со цел обезбедување целосна грижа за пациентот.

Болести и состојби

Во одделот се дијагностицираат и третираат:

  • Акутна и хронична бубрежна болест
  • Гломерулонефритиси
  • Дијабетска и хипертензивна нефропатија
  • Реноваскуларна болест
  • Кардиоренален синдром
  • Уринарни инфекции
  • Камења во бубрези и уринарни патишта
  • Автоимуни бубрежни заболувања
  • Нефротски синдром
  • Протеинурија и хематурија
  • Електролитни и ацидо-базни нарушувања
  • Наследни бубрежни заболувања
  • Подготовка за дијализа
  • Подготовка и следење по трансплантација
  • Бубрежни заболувања во бременост
  • Проценка на надбубрежни жлезди
  • Проценка на простата и уринарен тракт
  • Малигни бубрежни заболувања

Дијагностика и третмани

Одделот за нефрологија применува современи дијагностички и терапевтски методи за прецизна проценка на функцијата на бубрезите, рано откривање на заболувањата и долгорочно следење на пациентите.

Сеопфатна проценка на бубрежната функција преку мерење на креатинин, уреа, електролити, протеини и други метаболни параметри. Анализите на урина овозможуваат откривање на протеинурија, хематурија, инфекции и други нарушувања.

Специјализирани анализи кои се користат за дијагноза на автоимуни и воспалителни заболувања на бубрезите, вклучувајќи гломерулонефритиси, васкулити и системски заболувања кои ги зафаќаат бубрезите.

Неинвазивен преглед за проценка на големината, структурата и положбата на бубрезите, мочниот меур и уринарниот тракт, како и за откривање на камења, цисти, опструкции и други промени.

Пресметка на способноста на бубрезите да ја филтрираат крвта, со цел да се одреди стадиумот на бубрежната болест и да се следи нејзината прогресија.

Детално мерење на протеини, креатинин, електролити и други супстанции во урината во текот на 24 часа, што дава важни информации за функцијата на бубрезите и тежината на заболувањето.

Доплер ултразвук, КТ и други методи за визуелизација се користат за проценка на крвните садови на бубрезите и откривање на реноваскуларни заболувања, стеснувања, тромбози и нарушена циркулација.

Прецизна дијагностичка процедура која се изведува кај одредени пациенти за земање мал примерок од бубрежно ткиво за микроскопска анализа. Особено е важна кај гломеруларни, автоимуни и нејасни бубрежни заболувања.

Третманот е индивидуализиран според дијагнозата и може да вклучува:

Индивидуално прилагоден третман за бубрежни заболувања, висок крвен притисок, дијабетска нефропатија, автоимуни состојби и електролитни нарушувања.

Проценка на состојбата на пациентот и планирање на најсоодветен васкуларен пристап пред започнување на дијализа.

Хируршко создавање и следење на васкуларен пристап кај пациенти на кои им е потребна долгорочна дијализа.

Целосна евалуација на пациенти и донори, вклучувајќи лабораториски, радиолошки и имунолошки испитувања.

Редовна контрола на функцијата на трансплантираниот бубрег, имуносупресивната терапија и рано откривање на евентуално отфрлање или компликации.

Долгорочно следење на пациенти со хронична бубрежна болест со цел да се забави прогресијата на заболувањето, да се спречат компликации и да се подобри квалитетот на живот.

Технологија и опрема

Одделот располага со современа медицинска опрема која овозможува прецизна дијагностика, континуирано следење и ефикасен третман:

  • Ултразвучни апарати со висока резолуција
    современи ултразвучни системи за детална проценка на бубрезите, уринарниот тракт, крвните садови и трансплантираниот бубрег.
  • КТ дијагностика
    напредна визуелизација за прецизна проценка на бубрезите, уринарниот тракт и околните структури, особено кај посложени случаи и пред интервенција.
  • Современа лабораториска дијагностика
    брзи и прецизни анализи на крв и урина, вклучувајќи биохемиски, имунолошки и серолошки испитувања важни за нефролошките заболувања.
  • Системи за следење на бубрежна функција
    алатки и софтвер за континуирано следење на функцијата на бубрезите, лабораториските параметри и прогресијата на хроничната болест.
  • Интегриран електронски систем
    дигитално следење на медицинската историја, лабораториските резултати, снимањата и терапијата, што овозможува координирана и континуирана грижа за пациентот.

Специјалисти

Патот на пациентот

Патот на пациентот во Одделот за нефрологија се одвива низ неколку јасно дефинирани чекори:

  • Консултација
    Иницијален преглед, детална анамнеза и проценка на симптомите од страна на нефролог.
  • Дијагностика
    Спроведување на лабораториски анализи и дополнителни испитувања за проценка на бубрежната функција.
  • Поставување дијагноза и план за третман
    Интерпретација на резултатите и дефинирање на индивидуализиран пристап.
  • Спроведување на третман
    Mедикаментозна терапија, подготовка за дијализа или трансплантација кога е потребно.
  • Следење
    Редовни контроли, долгорочно следење и превенција на компликации.
Мими може да ви помогне во закажувањето на Вашиот термин