Медицинска сестра за оддел за интензивна нега и полуинтензивна нега

Повеќе за работната позиција

ПЗУ Клиничка болница ЖАН МИТРЕВ Скопје за потребите на работниот процес објавува оглас за работнo место:

Медицинска сестра за оддел за интензивна нега и полуинтензивна нега

Потребни квалификации:

  • Завршено средно медицинско училиште
  • Познавање на MS Office програмите
  • Претходно работно искуство во интензивна и полуинтензивна нега ќе се смета за предност, но не е задолжително

Вештини и способности:

  • Висок степен на лична организираност
  • Способност за ефективно менаџирање со време и поставување приоритети
  • Способност за работа во тим и кооперација со други здравствени професионалци
  • Развиени интерперсонални вештини и способност за комуникација со пациенти
  • Способност за работа во динамична средина
  • Висока флексибилност и адаптибилност на нови ситуации и промени
  • Стремеж кон постојано учење и професионален развој

Клиничка болница Жан Митрев Скопје нуди одлични услови за работа и високо професиoнална работна атмосфера.

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови да испратат CV преку полето за аплицирање.

Активен до 22.10.2026

Мими може да ви помогне во закажувањето на Вашиот термин