Повеќе за работната позиција
За потребите на проширување и унапредување на нашиот медицински тим, Поликлиниката на ПЗУ Поликлиника ЖМД – Струмица објавува оглас за пополнување на следната работна позиција :
Радиолошки технолог
Огласот се однесува исклучиво на засновање на работен однос во Поликлиниката со седиште во Битола, во динамична и професионална средина која континуирано вложува во квалитетот на здравствените услуги и стручниот развој на кадарот.
Доколку сте професионална, одговорна и мотивирана личност со посветеност кон пациентите и желба за професионален развој, Ве покануваме да се приклучите кон нашиот тим.
Потребни квалификации
- Завршено високо образование за радиолошки технолог;
- Положен стручен испит;
- Претходно работно искуство на исто или слично работно место ќе се смета за предност;
- Познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот;
- Високо ниво на внимателност и одговорност при работењето;
- Познавање и доследна примена на принципите за радијациска заштита;
- Подготвеност за следење на новитети и континуирано професионално усовршување.
Лични карактеристики и вештини
- Одлични комуникациски и интерперсонални вештини;
- Одговорност, прецизност и организираност;
- Професионален однос кон пациентите и работните обврски;
- Мотивираност, стабилност и самостојност во работата;
- Висока свест за тимска работа и соработка;
- Флексибилност при индивидуално и тимско работење;
- Способност за работа во динамична работна средина;
- Доверливост, дискреција и почитување на професионалната етика.
Дали сте подготвени за следниот чекор во Вашата кариера?
Доколку ги исполнувате горенаведените услови и сте подготвени за нов професионален предизвик, ве покануваме да ни го испратите вашето CV преку полето за аплицирање и да станете дел од нашиот тим.
Активен до 21.10.2026