00389 2 3091 484
Почувствувајте ја нашата поддршка, грижа и
внимание на секој чекор.
години постоење
прегледи
успешни приказни
Основач и сопственик
Медицински директор
ДИРЕКТОР ЗА МЕНАЏИРАЊЕ НА ПРОЦЕСИ И АКРЕДИТАЦИЈА
Директор за квалитет и превенција на ИХИ
Административен директор
Директор за финансии и сметководство
Член на одбор
Член на одбор
Главна медицинска сестра
Да придонесеме за подобрување на здравјето на нашите пациенти и зголемување на нивното задоволство преку обезбедување на најдобра грижа за секој пациент преку врвни здравствени услуги, постојана едукација и примена на најсовремени методи во целокупниот процес на работа.
ЦЕНТАР НА ИЗВОНРЕДНОСТ
Национален и регионален лидер во понудата на врвни здравствени услуги и беспрекорна нега, секогаш прв избор на пациентите и нивен партнер од доверба.
ДОВЕРБА, ПОСВЕТЕНОСТ, ЕКСПЕРТИЗА, ИНОВАТИВНОСТ, ИНТЕГРИТЕТ
Пациентот е во центарот на нашето внимание. Дијагностиката, лекувањето и грижата за него е суштината на сите наши активности. Таа продолжува и по напуштањето на клиниката од страна на пациентот. Градиме партнерства со пациетите и тоа е наша и нивна најголема придобивка, која ја оддржуваме и унапредуваме во континуитет, затоа што решавањето на здравствените предизвици се наша цел.
Клиничката болница Жан Митрев, на самиот почеток именувана како Специјална болница по хируршки болести „Филип Втори“ ги постави темелите на современите медицински услуги во 1999 година, по адаптирањето и реновирањето на еден изнајмен дел од Воена болница во Скопје.
Официјално, болницата беше отворена на 1 март 2000 година, а медицинското стартување е одбележано со првата бај-пас операција во Република Македонија, водена од академик д-р Жан Митрев. Токму на тој 1 март 2000 почнува да се пишува историјата во македонското здравство, новата ера во македонската кардиоваскуларна хирургија.
Капацитетот, специјалностите и останатите факти за нашата болница најдобро можат да се согледаат низ бројки.
Нашиот корпоративен план за трансформирање на болничката нега опфаќа 3 клучни цели:
Клиниката е носител на три последователни акредитации од Joint Commission International* потврдени со златен печат како доказ за примена на највисоките стандарди за една здравствена институција од аспект на квалитетот на здравствените услуги и грижата за безбедноста на пациентите.
* JCI е формирана во Америка во 1994 година како независна непрофитна организација која акредитира и потврдува медицински установи ширум светот. Акредитацијата добиена од ЈCI се смета за Златен Стандард во глобалната здравствена нега во поглед на квалитет на услугите и безбедност на пациентите.
Нашата експертиза, посветеност и беспрекорна нега за пациентот кој е секогаш во центарот на нашето делување, придонесоа да сме партнер од доверба сите овие изминати години, за што сме бескрајно благодарни.