МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ

КАРДИОХИРУРГИЈА И ИНТЕРВЕНТНА КАРДИОЛОГИЈА КАЈ ДЕЦА (0-18 ГОД.)

Хируршки третман на вродени срцеви мани кај деца

Вродените срцеви мани се делат на ацијаногени (кога детето не помодрува и цијаногени кога детето помодрува).

  • Корекција на преткоморен септален дефект
  • Корекција на коморен септален дефект
  • Коарктација на аорта (стеснување на аорта)

  • Корекција на пулмонална стеноза
  • Третман на постоечки дуктус артериозус
  • Корекција на транспозиција на големите крвни садови
  • Корекција на вродена срцева мана Double right ventricle (DORV)
  • Фалот тетралогија

Хируршки третман на вродени срцеви мани кај деца

Најчести вродени срцеви маани

Корекција на преткоморен септален дефект

Преткоморен септален дефект е кога детето се раѓа со дупка меѓу преткоморите.Кога овој дефект е изолиран вообичаено се чека до крајот на првата година спонтано да се затвори. Корекцијата може да биде со интервентна процедура или со кардиохируршка операција.

Транспозиција на големи крвни садови

Транспозиција на големите крвни садови е вроден срцев дефект (присутен при раѓање). Поради абнормалниот развој на срцето на фетусот во текот на првите 8 недели од бременоста, големите крвни садови кои носат крв од срцето до белите дробови и телото неправилно се поврзани.

 

Третман на постоечки дуктус артериозус

Пред раѓањето, бебето има крвен сад што тече меѓу аортата (главната артерија во телото) и пулмоналната артерија (главната артерија до белите дробови), наречена дуктус артериозус. Овој мал сад најчесто се затвора непосредно по раѓањето кога бебето започнува да дише самостојно. Ако не се затвори, се нарекува патент дуктус артериозус. Ова може да предизвика проблеми подоцна во животот. Во повеќето случаи, лекарот ќе го затвори отворот со употреба на лекови. Доколку конзервативниот пристап е неуспешен потребно е да се направи корекција која може да биде со интервентна процедура или кардиохируршка операција.

 

Double right ventricle (DORV)

Double right ventricle (DORV) е срцево заболување кое е присутно уште од раѓање (вродено). Аортата се поврзува со десната комора (комората на срцето што пумпа крв со кислород во белите дробови), наместо со левата комора ( комората која нормално пумпа крв богато со кислород во телото).

 

Фалот тетралогија

Тетралогијата на Фалот е ретка состојба која се јавува заради комбинација на четири срцеви мани, присутни при раѓање (вродена).

  • Вентрикуларен септален дефект
  • Стеноза на пулмоналната валвула
  • Аорта во која се влева крв од двете комори
  • Хипертрофија на десната комора

Најчести вродени срцеви маани

Катетеризација на срцето кај деца

Срцевата катетеризација е постапка што се користи за дијагностицирање и лекување на одредени кардиоваскуларни заболувања. За време на срцева катетеризација, долга, тенка цевка наречена „катетер“ се вметнува во артерија или вена во препоните, вратот или раката и се минува низ крвните садови до срцето.

Со овој катетер, лекарите потоа можат да дијагностицираат и да лекуваат голем број на состојби и проблеми на срцето, вклучувајќи ги тука и вродените мани на срцето.

Катетеризација на срцето кај децата се користи и за:

– Добивање на детална слика на срцето или на дефектот на срцето

– Следење на протокот на крв во срцето

-Барање на притисоци во различни делови на срцето и белите дробови

-Проверка на срцевите залистоци со цел да се види дали тие работат правилно

– За мерење на нивото на кислород во различни области на срцето, белите дробови и крвните садови

– Мерење на електричната активност на срцето

– За проверка на можните проблеми после операцијата

Катетеризација на срцето кај деца

Останати доктори од овој оддел

Жан Митрев

Доц. д-р Жан Митрев

Кардиоваскуларен хирург

Види го профилот
Вилма Ампова Соколов

Д-р Вилма Ампова Соколов

Спец. по интерна медицина
Супспец. по кардиологија

vilma.ampova@zmc.mk

Види го профилот
Ѕвонко Атанасов

М-р сци. д-р Ѕвонко Атанасов

Спец. по радиодијагностика

zvonko.atanasov@zmc.mk

Види го профилот
Шпенд Идризи

Д-р Шпенд Идризи

Спец. по интерна медицина
Супспец. по кардиологија

shpend.idrizi@zmc.mk

Види го профилот
Слободан Илиќ

проф. д-р Слободан Илиќ

Кардиохирург

slobodan.ilikj@zmc.mk

Види го профилот
Иван Милев

Д-р Иван Милев

Спец. по педијатрија
Супспец. по кардиологија

ivan.milev@zmc.mk

Види го профилот
Илија Нешковски

Д-р Илија Нешковски

Спец. по интерна медицина
Супспец. по кардиологија

ilija.neskovski@zmc.mk

Види го профилот
Африм Халим

Д-р Африм Халим

Спец. по радиодијагностика

afrim.halimi@zmc.mk

Види го профилот