
- Настани
-
by Nertila
Денес, екипата на Клиничката болница „Жан Митрев“ беше дел од Скопскиот маратон, испраќајќи силна порака дека здравјето, спортскиот дух и тимската работа одат рака под рака.
Со многу ентузијазам, позитивна енергија и тимски дух, нашите колеги го поминаа маратонот покажувајќи дека секој чекор е важен – и дека најубаво е кога целта ја достигнуваме заедно.
Горди сме на секој член од нашата екипа кој денес застана на стартот и даде свој придонес кон оваа голема спортска приказна.
Браво за целата екипа!
Продолжуваме да се движиме напред – за поздрав, поактивен и подобар живот! ![]()
![]()














