• 50

Нашето одделение за интензивна нега е исполнето со насмевки, позитивна енергија и огромни победи. Секој ден носи нова причина за радост и секој мал напредок е голема победа.

Славиме неверојатно храбри мали борци кои чекор по чекор ги постигнуваат своите цели и секој ден растат посилни. 💪

Нашата тројка, родена во 32-та гестациска недела, ниже победа по победа и ни покажува што значи да се бориш со сила, храброст и насмевка. 🥰

А нашиот храбар борец, роден во 31-та гестациска недела, напредува одлично и секој ден ни носи нова радост. Секој поминат ден е уште еден голем чекор поблиску до првата прегратка дома. 🏡❤️

Горди сме на секој нивен напредок, на секоја победа и на секоја насмевка. Нашите најмали борци ни покажуваат дека храброста нема големина.

Затоа идни родители! Кога избирате каде ќе го донесете на свет вашиот најубав подарок, изберете тим кој е подготвен за секој предизвик. Нашата најсовремена интензивна нега и врвните стручни лица се тука 24/7 за да обезбедат максимална сигурност, дури и кога бебињата ќе решат да не изненадат малку порано.

Да создаваме заедно здрави поколенија!

Мими може да ви помогне во закажувањето на Вашиот термин