πŸ©ΈΠ”Π°Ρ€ΡƒΠ²Π°Π²ΠΌΠ΅ ΠΊΡ€Π² – ΠΏΠΎΠ΄Π°Ρ€ΠΈΠ²ΠΌΠ΅ Π½Π°Π΄Π΅ΠΆ ΠΈ ΠΆΠΈΠ²ΠΎΡ‚

Настани

Π΄Π΅ΠΊΠ΅ΠΌΠ²Ρ€ΠΈ 24, 2025


Во Клиника „Жан Митрев“ успешно беше спроведена крводарителска акција, во која учество земаа голем број вработени. Оваа хумана иницијатива, која традиционално се организира и се реализира редовно, уште еднаш ја потврди високата свест, солидарност и општествена одговорност на колективот.🩸🥰🍀

Вработените во Клиника „Жан Митрев“ и овојпат покажаа дека хуманоста е составен дел од нивната професионална и човечка мисија. Со доброволното дарување крв, тие директно придонесуваат за спасување животи и за обезбедување навремена помош на пациентите на кои им е најпотребна.

Крводарителските акции во клиниката претставуваат традиција која се негува со години, со цел поттикнување на култура на хуманост, емпатија и заедништво. Клиника „Жан Митрев“ останува посветена на вакви активности, верувајќи дека секој даруван живот значи надеж и шанса за подобро утре.❣