Најмалите го дочекаа Дедо Мраз

Настани

декември 30, 2025

Магијата за Дедо Мраз се пренесува со години од генерација на генерација, носејќи насмевки, радост и празнична топлина во деновите пред Новата година. Во тој дух, и оваа година Дедо Мраз традиционално пристигна во клиниката и ги изненади најмалите со новогодишни пакетчиња. Веселата атмосфера, детската возбуда и искрените насмевки беа присутни на секој чекор, радост што ја споделија и родителите, правејќи го овој настан уште поубав и попразничен. ❤🍀🥰