00389 2 3091 484
март 16, 2026
Од 12.03. до 14.03.2026 година во Клиника Жан Митрев се одржа значаен едукативен медицински настан – EAES Course on Basic Skills in Laparoscopic Surgery посветен на усовршување на основните вештини во лапароскопската хирургија.
Обуката траеше три дена и беше наменета пред сè за млади хирурзи, специјализанти по хирургија, како и искусни хирурзи кои сакаат да ги подобрат своите знаења и вештини.
Програмата е осмислена од д-р Марек Шолтес кој е абдоминален хирург и професор на Pavol Jozef Šafárik University Košice.
Во најголем дел, програмата вклучува практична работа на модели со инструменти коишто се користат во операциона сала. Практичниот дел е надополнет со кратки демонстрации, концизни упатства и стимулативни дискусии.
Курсот е акредитиран од EAES (European Association of Endoscopic Surgery), како најсериозна организација во минимално инвазивната хирургија.
Практични обуки од овој тип ги има малку во Европа, а досега никаде на Балканот.
Жан Митрев Клиника уште еднаш се потврди како одличен домаќин и организатор на овој настан кој ги поседува сите човечки ресурси, сектори, простор и логистика.
Поради ова, Република Македонија станува дестинација од избор за едукација во лапароскопија меѓу европските доктори.