• 50

За првпат во нашата клиника успешно се изведени две минимално инвазивни операции за замена на аортна валвула кај пациентките Софка и Снежана, со користење на десен трансаксиларен пристап.

Операциите беа изведени од страна на д-р Никола Христов и тимот на кардиохирурзи во Клиника Жан Митрев.
Станува збор за современа хируршка техника при која до срцето се пристапува преку мал рез од околу 4 сантиметри, поставен под десната рака, во пределот на пазувата. Наместо преку отворање на градниот кош, хирургот пристапува до срцето низ природниот простор помеѓу ребрата.

При оваа метода не се сече градната коска, не се сечат ребрата и не се прават големи резови, што значи помала оперативна траума, помалку болка и побрзо закрепнување. Дополнително, се постигнува и одличен естетски резултат, бидејќи лузната е речиси незабележлива.

Софка и Снежана денес се чувствуваат добро и успешно закрепнуваат, а ова достигнување претставува уште еден значаен исчекор во примената на најсовремените минимално инвазивни кардиохируршки техники во нашата клиника.

Им посакуваме брзо и целосно закрепнување, добро здравје и уште многу години исполнети со радост и убави моменти со своите најблиски.

Мими може да ви помогне во закажувањето на Вашиот термин