
- Настани
-
by Nertila
Во Клиничката болница Жан Митрев се реализираше противпожарна акција посветена на подигнување на свеста и унапредување на безбедноста на пациентите, вработените и сите посетители.
Преку практични активности и демонстрации, вработените имаа можност да ги унапредат своите знаења за правилно постапување во случај на пожар, користење на противпожарни апарати и спроведување безбедна евакуација.
Нашата цел е јасна- да бидеме подготвени, да реагираме навремено и да спречиме ризици пред тие да станат опасност.
Затоа што зад секоја успешна превенција стои грижата за највредното- човечкиот живот!