• 165

Во организација на ЗМСТАС ,, За нас”од 2 до 4 октомври во хотел Дрим, Струга се одржа 5.Meѓународен Конгрес на медицинските сестри, кој собра здравствени работници и професионалци од областа на медицинската нега од целиот регион и пошироко, со цел размена на знаења, искуства и за најновите досигнувања во сестринската професија.

Темата на Конгресот беше ,, Грижа за оние кои се грижат за сите”.

Во текот на трите конгресни денови беа презентирани стручни и научни трудови, а посебен акцент беше ставен на современите пристапи во медицинската нега, унапредувањето на квалитетот на здравствените услуги, континуирано професионално усовршување на медицинските сестри и потенцирање на важноста за грижа на здравствените работници.

Конгресот претставуваше можност за медицинските сестри и останатите здравствени професионалци да ги споделат своите практични искуства, да дискутираат за предизвиците со кои се соочуваат во секојдневната работа и да разговараат за можностите за понатамошен развој на сестринството.

Посебно внимание беше посветено на значењето на медицинската сестра во современиот здравствен систем, нејзината улога во тимот на здравствени работници, како и потребата од континуирано вложување во едукацијата, стручноста и подобрувањето на условите за работа.

На овој конгрес зема учество и д-р Емил Стоицовски, медицински директор на Клиничката болница Жан Митрев, кој се вклучи на панел дискусијата. Во текот на дискусијата д-р Стоицовски одговори на неколку прашања, а особен интерес предизвика освртот на функционирањето на Клиника Жан Митрев, која децении ја следи трансформацијата на здравствениот систем како акредитирана болница според JCI, со одговор и на прашањето, што е дополнително внесено во контекст на заштитата и безбедноста при работа на вработените во Клиничката болница Жан Митрев, а се зборуваше и за  менаџирањето на последиците при професионалните заболувања.

Вториот ден од овој Конгрес, беше искористен да се одржат и предавања на теми кои се важни за сестринството, како

,,Tрансформација на високото образование во сестринството”, ,,Mедицинските сестри во време на вештачка интелигенција и дигитализација”, како и ,,Проблеми и предизвици пред здравствената нега во современиот здравствен систем”, на кои активно учество, како модератор, директно вклучена во организацискиот стручен  одбор, зема нашата главна сестра, Светлана Ончева и главната сестра на анестезија и претседател на EFCCNa, Жанета Богоевска Митева, која беше вклучена во организацискиот стручен одбор. Со свои предавања земаа учество медицинските сестри Елена Султанчева и Ирена Котеска.

Петтиот конгрес заврши со порака дека инвестициите во знаењето, професионалниот развој и унапредувањето на сестринската професија се директна инвестиција во поквалитетно општество.

Мими може да ви помогне во закажувањето на Вашиот термин