• 51

Перзистентниот форамен овале (ПФО) претставува канал (залисток) меѓу десната и левата преткомора на срцето кој нормално постои за време на феталниот развој, но по раѓањето треба спонтано да се затвори со првото вдишување. Кај одреден број луѓе овој отвор не се затвора целосно и останува таканаречен „перзистентен“ или „патентен“ форамен овале. ПФО е релативно честа појава и се среќава кај приближно 1 од 4 лица или кај 25% од населиението во светот. Повеќето луѓе со ПФО немаат симптоми и проблеми и живеат без воопшто да знае дека го имаат.

Симптоми

Во најголем број случаи ПФО не предизвикува никакви симптоми. Поради тоа, често се открива случајно при ехокардиографски преглед направен поради друга причина.

Во ретки случаи ПФО може да биде поврзан и со намалена сатурација на кислород во крвта, односно хипоксемија, особено кога значителна количина крв го заобиколува белодробниот крвоток.

Врската помеѓу ПФО и мигрената со аура е докажана, и е присутна кај 40% до 60% од поединци кои страдаат од мигрена со аура.

Чести симптоми

  • Визуелни пречки: трепкачки светла, светли точки, привремени слепи точки.
  • Сензорни промени: вкочанетост или чувство на пецкање (како „иглички“), што обично започнува во едната рака и се шири нагоре по раката или кон лицето.
  • Проблеми со говорот и јазикот: тешкотии при јасно зборување, нејасен говор или потешкотии при наоѓање на вистинските зборови (дисфазична аура).
  • Времетраење: симптомите на аурата обично се развиваат постепено во текот на 5 минути и траат меѓу 5 и 60 минути, пред или за време на фазата на главоболка (мигрената).

Иако ПФО најчесто е безопасен, кај одредени лица може да има клиничко значење. Една од најважните можни компликации е парадоксална емболија. Преку него може да помине згрутчена крв од десна страна на срцето во лева која е директно поврзана со мозокот и да предизвика исхемичен мозочен удар.

Дијагностика

Главниот метод за откривање на ПФО е ехокардиографијата (ултразвучен преглед на срцето). Со неа се прикажуваат структурата на срцето и движењето на крвта низ неговите шуплини.

Се користи и доплер-ехокардиографија, со која може да се процени насоката и движењето на крвта меѓу преткоморите.

Особено важен е Транскранијален доплер или „bubble test“– тест со физиолошки раствор и микромеурчиња. При ова испитување во вената се внесува стерилен физиолошки раствор со ситни воздушни меурчиња. Нормално, тие се задржуваат во десната страна на срцето и се филтрираат во белите дробови. Доколку се појават меурчиња во левата преткомора, тоа може да укажува на постоење на комуникација, како што е ПФО. Ова е целосно безопасен и безбеден тест.

Трансезофагијалната ехокардиографија се користи за докажување и одредување на димензиите на ПФО.

За проверка на евентуални компликации од постоење на ПФО, како емболија со мозочни удари, се прави Магнетна Резонанца на мозок.

Сите пациенти со мигрена имаат потреба од магнетна резонанца на мозок и иследување за ПФО

Третман (лекување) на ПФО

Најважно е да се нагласи дека поголемиот број лица со ПФО не бараат никаков третман. При случајно откриено ПФО асимптоматско и без компликации поврзани со него не се препорачува третман со затварање.

Кај внимателно избрани пациенти, особено кај лица со исхемичен мозочен удар без друга утврдена причина за истиот, може да се разгледува затворање на ПФО за намалување на ризикот од повторен мозочен удар. Одлуката не се носи само врз основа на фактот дека постои ПФО, туку по детална проценка од кардиолог и невролог и исклучување на други можни причини за мозочниот удар.

Најчестата метода за третман е катетерско затворање на ПФО. Преку венски крвен сад, најчесто во пределот на препоната, се внесува тенок катетер кој се насочува до срцето. Преку катетерот се поставува специјален уред (чадорче) кој трајно го затвора отворот (каналот) меѓу преткоморите.

Поретко се применува хируршко затворање, најчесто кога пациентот и онака треба да биде подложен на кардиохируршка операција поради друга причина (кардиолошки болести).

Статистика – медицински центри кои изведуваат затварање на ПФО

Иако примената на оваа процедура значително се зголеми во последните години, директната споредба меѓу државите е ограничена поради различните национални регистри и системи за кодирање.

Затварање на хемодинамски значајно ПФО со Оклудер протеза се изведува само во специјализирани центри.

Меѓународно споредлива анализа на бројот на имплантација на ПФО Оклудер дивајси ги опфаќа Германија, Англија, Франција и Италија. Во последната година за која авторите имаат целосно споредливи податоци, односно 2018 година, во Германија биле изведени 4.668 ПФО Оклудер процедури, што одговара на 5,64 процедури на 100.000 жители на година. Во Франција биле изведени 1.962 процедури, односно 2,94 на 100.000 жители на година, додека во Англија биле регистрирани 295 процедури, односно само 0,53 на 100.000 жители на година.

Во Жан Митрев Клиника во 2025 се направни 77 процедури затварање на ПФО со Оклудер протеза што процентуално значи 4,23 процедури на 100 000 жители годишно, тоа е во рамка на европски/светски стандарди за дијагностика и третман (ние сме водечки дијагностички и терапевски центар во Македонија)

Во Соединетите Американски Држави стапката на затварање на PFO со Оклудер дивајси е зголемила од 3,52 процедури на 100.000 жители на година во 2013 година, на 5,32 процедури во 2018 година, а достигнала 6,60 процедури на 100.000 жители на година во 2019 година.

Успешноста на имплантација на ПФО оклудерот е 99%.

Иако во 2024–2025 година бројот на ПФО Оклудер процедури најверојатно е повисок во повеќето од овие земји, конкретните броеви на изведени интервенции сеуште не се достапни.

Иако едноставна процедеура ПФО не може да се изведува во секој медицински центар.

Транскатетерското затворање на ПФО денес се смета за релативно едноставна и минимално инвазивна интервенција, нејзината безбедност и успешност зависат од повеќе фактори.

За успешно и безбедно изведување потребен е добро обучен и координиран мултидисциплинарен тим, составен од интервенен кардиолог, искусен ехокардиографист и соодветно обучен медицински персонал. Особено значајна е правилната прединтервентна евалуација на пациентот, со прецизна ехокардиографска проценка на ПФО, анатомијата на интератријалниот септум и исклучување на други можни причини за мозочен удар и мигрена со аура.

Покрај експертизата на тимот, неопходни се и соодветни технички и организациски услови – современа ангиографска сала, квалитетна ехокардиографска опрема, можност за интракардијално или трансезофагеално ехо кога е потребно, соодветна опрема за анестезија и реанимација, како и можност за брзо препознавање и третман на потенцијални компликации.

Иако самата имплантација на оклудерот во најголем број случаи трае релативно кратко и се изведува со висок процент на технички успех, краткоста и техничката едноставност на процедурата не значат дека таа е без ризик или дека може да се изведува без соодветно искуство и инфраструктура. Потенцијалните компликации, иако ретки, бараат тим кој е способен навремено да ги препознае и третира.

Д-р Вилма Ампова Соколов
Специјалист по интерна медицина
Супспецијалист по кардиологија
Мими може да ви помогне во закажувањето на Вашиот термин