00389 2 3091 484
ноември 11,2012
Манифестација “Ем умеам ем можам”- општина Карпош, десетти јубилеј
Во рамките на јубилејната 10-та манифестација “Ем умеам ем можам” која ја организираше општината Карпош на 01.11.2012 година, своето учество традиционално го зема и Специјалната Болница Филип Втори, како водечки здравствен бренд во Р.Македонија.
На соодветното место, одредено од општинатата, беше истакнат штанд на кој беа презентирани материјали од секојдневната работа и услугите кои ги врши Филип Втори спрема своите пациенти.
Исто така дел од тимот на болницата, директно на терен, спроведуваше здравствена едукација на граѓаните, делеше медицински совети како и консултативни прегледи од типот на физикален преглед, мерење на крвниот притисок, шекерот во крвта, ЕКГ и одредување на дишните капацитети на посетителите на штандот.
На овој начин беше остварен директен контакт со корисниците на здравствените услуги-граѓаните, кои непосредно можеа да се информираат за своите здравствени потреби и проблеми.