00389 2 3091 484
мај 12, 2025
Клиника „Жан Митрев“ со свои претставници учествуваше на Саемот за Вработување и кариера во склоп на 22 годишниот јубилеј на АУЕ –ФОН
Минатата недела во рамки на одбележувањео на 22 роденден, се одржа и Саемот за вработување и кариера, организиран од Центарот за кариера и алумни на АУЕ-ФОН. Во склоп на истиот нашата болница учествуваше со претставници од одделот за човечки ресурси.
На настанот беше промовирана новата генерација дипломци – идната сила на стопанството. Тие на штандовите на компаниите се информираа за потенцијалните понуди и можности за вработување.
Во таа насока претставиниците од нашата клиника понудија опции за вработување и професионален развој.
Овој настан им овозможи на студентите директна комуникација со водечките компании, што претставува одлична можност за професионален развој и вмрежување. Взаемното информирање за понудата/побарувачката на кадри беше особено значајно за Клиниката Жан Митрев која со децении е водечки двигател во современата и успешна медицина, не само во државата туку и во регионот.