,,Меланом тивок непријател под кожата,,Отворена бесплатна трибина

Настани

мај 20, 2025

Мај е месец на подигнување на свеста и превенција од меланом, познат и како Месец за свесност за меланом и рак на кожата. Во текот на овој месец, многу здравствени организации и иницијативи ширум светот спроведуваат кампањи за едукација на јавноста за важноста од заштита од сонце, рана детекција и редовни дерматолошки прегледи. Жан Митрев Клиника и Здружението КИКИ.
Придружете ни се на едукативно предавање посветено на раната детекција на меланомот – најагресивниот тип рак на кожа. Навременото препознавање на симптомите може да спаси живот.

Што ќе дознаете?

  • Како изгледаат првите знаци на меланом
  • Кои се ризичните фактори
  • Совети за самопреглед и кога да се обратите на лекар
  • Современи методи за дијагностика и третман

Кој ќе предава?

Нашите лекари со долгогодишно искуство во дијагноза и третман на меланом.

д-р Анџелка Илиева специјалист по дерматовенерологија
д-р Александра Лазаревска специјалист по дерматовенерологија
д-р Живорад Коцевски специјалист по пластична, реконструктивна и естетска хирургија
д-р Милан Ристески специјалист по онкологија