00389 2 3091 484
септември 11, 2025
Деновиве ги пречекавме нашите три сестрички родени во 31. гестациска недела. Поминаа околу два и пол месеци од нивното раѓање. Сите три бебиња се во добра општа состојба, активни, а нивниот раст и развој одговара на нивната возраст. Добро напредуваат и растат. Нивниот здрав раст и развој, заедно со насмевката на родителите, се нашата најголема награда.
Советуваме будно следење на растот и напредокот, редовни лекарски контроли и почитување на препораките од докторите – како правилно да се хранат, како да се стимулира правилниот развој и како да се заштитат од евентуални инфекции. Посебно нагласуваме колку е важно редовното вакцинирање и следењето на психомоторниот развој.
Во нашиот Центар за мајка и бебе секое новороденче добива бесплатно четири контроли, за време на првиот месец од раѓањето, од страна на педијатар/неонатолог. По потреба, постои координација и со други доктори за дополнителни прегледи и консултации, со цел да се обезбеди целосна грижа за здравјето и развојот на детето.