00389 2 3091 484
септември 15, 2025
Клиничката болница Жан Митрев со гордост го поддржувa International Football Tournament “Ilinden Cup”, кој се одржува во Скопје.
Како дел од нашата општествена одговорност и посветеност кон здравјето на најмладите спортисти, обезбедивме медицински тим со амбулантно возило кои ќе бидат на фудбалските терени за време на целиот турнир, а со цел навремена и професионална медицинска поддршка. Нашата мисија е децата да уживаат во спортот со чувство на сигурност, знаејќи дека нивното здравје е секогаш на прво место.
Илинден куп е фудбалски турнир за деца на возраст од 8 до 13 години кој годинава по трет пат се одржува во Општина Илинден. Турнирот е во организација на фудбалската школа „Грозданоски“ и се оддржува на четири терени, во Марино, Илинден и Кадино каде учествуваат екипи од повеќе држави и ќе се одржува од 12 до 14 септември.