Дали некогаш сте помислиле дека постои директна врска меѓу желудникот и мозокот?

Дневна доза здравје

септември 23, 2025

Овие два органи се во постојана комуникација и тоа не е само субјективна сензација. Науката докажа дека постои директна врска меѓу она што се случува во нашиот дигестивен систем и нашата емоционална, когнитивна, па дури и имунолошка состојба. Во прилог ви ја објаснуваме оваа фасцинантна врска и како таа влијае на вашето целокупно здравје.

Оската црева-мозок е информациски суперавтопат

Цревата и мозокот се поврзани и остваруваат двонасочна комуникација која ги вклучува централниот нервен систем, ентеричниот нервен систем и имунолошкиот систем. Оваа врска е исто така посредувана од цревниот микробиом-збирот на микроорганизми што ги населуваат нашите црева.
Затоа, емоциите како што се стресот, вознемиреноста или тагата можат да го нарушат варењето на храната, а во исто време, цревната нерамнотежа може да влијае на нашето расположение или да предизвика ментален замор.

Микробиомот е невидливиот актер што менува сè

Цревната микробиота игра клучна улога во оваа врска. Иизбалансираниот микробиом може:

  • Да ја подобри меморијата и концентрацијата
  • Да ја намали анксиозноста и депресијата
  • Да го подобри сонот и целокупната благосостојба
  • Да го зајакне имунолошкиот систем.

Од друга страна, неврамнотежениот микробиом (дисбиоза) може да се поврзе со невропсихијатриски заболувања како што се оние од аутистичниот спектар на нарушувања, Паркинсонова болест или Алцхајмерова болест, како и дигестивните нарушувања како што е синдромот на иритабилни црева.

Како да се грижите за здравјето на цревата (и воедно, за здравјето на мозокот)?

Ви препорачуваме практикување на навики кои ја подржуваат оваа здрава врска:

  • Исхрана богата со растителни влакна и пробиотици, како што се јогурт, кефир, кисела зелка, банани или мешунки.
  • Намалување на стресот преку вежбање, техники на дишење или јога.
  • Добар сон, бидејќи одморот ја регулира и функцијата на мозокот и дигестивниот систем.
  • Избегнувајте непотребни антибиотици, кои го нарушуваат микробиомот.

Доколку чувствувате постојана дигестивна непријатност, необјасниви промени во расположението или продолжен замор, не двоумете се да се консултирате со медицинско лице. Во Клиника Жан Митрев, располагаме со специјалисти за дигестивни заболувања, неврологија и ментално здравје кои ќе ви помогнат да го пронајдете потеклото на проблемот и да го подобрите квалитетот на вашиот живот.

Здравјето на цревата не само што влијае на варење на храната: тоа влијае и на вашиот ум, вашите емоции и вашата целокупна благосостојба. Не заборавајте, доколку се грижите за здравјето на вашите црева, истовремено се грижите и за вашиот мозок.