00389 2 3091 484
септември 26, 2025
По повод Светскиот ден на срцето – 29 септември, клиника „Жан Митрев“ со големо задоволство беше домаќин на малите истражувачи од групата „Стапалчиња“ при ЈДГ „Весели Цветови“ – Скопје.
Дваесет деца на возраст од 3 до 4 години, заедно со своите воспитувачки и директорката на установата, ја посетија нашата клиника и одблиску да се запознаа со работата на лекарите, значењето на здравото срце, хуманата мисија на медицинскиот тим, како и со возилата за „брза помош“.
Преку едукативна и забавна програма, најмладите научија основни информации за тоа како чука срцето, зошто е важно да се грижиме за него и како изгледа секојдневието на оние кои го посветиле својот живот на спасување други животи.
На овој начин, заедно ја поттикнуваме љубопитноста и свеста кај најмалите бидејќи здравите навики почнуваат од најрана возраст.