00389 2 3091 484
март 30, 2026
Клиника Жан Митрев учествуваше на панел-дискусијата „Органодарителство во Македонија“, организирана од Медицинската студентска организација СОМA, во соработка со organodaritelstvo.mk, која се одржа на 27 март 2026 година во Мултимедијалниот центар на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.
На настанот учествуваа д-р Жан Митрев и д-р Никола Христов, кои споделија искуства од секојдневната клиничка пракса и зборуваа за современите медицински процедури кои придонесуваат за спасување човечки животи.
Во рамки на дискусијата се отворија важни прашања за органодарителството и трансплантацијата, не само од медицински, туку и од етички и општествен аспект.
Органодарителството не е само медицинска процедура, туку одлука што може да значи нова шанса за живот.
Ваквите разговори се клучни за подигнување на свеста и за градење поинформиран и посигурен пристап кон оваа тема.




