00389 2 3091 484
мај 22, 2026
Овогодинешниот Европски конгрес за дебелина 2026 (ECO 2026) се одржа од 12 до 15 мај во Истанбул обединувајќи водечки светски експерти, научници и организации посветени на истражувањето и современиот третман на дебелината.
Горди сме што дел од овој престижен глобален настан беше и д-р Џулиана Михајловска, ендокринолог, чие учество има особено значење за понатамошниот развој и стратегијата на Центарот за третман на дебелина во рамки на Клиниката Жан Митрев.
За време на конгресот беа презентирани најновите светски трендови, меѓународни студии и современи пристапи во менаџирањето на дебелината. Размената на искуства и знаења со експерти од целиот свет претставува значаен поттик за дополнително унапредување на работата на нашиот Центар и обезбедување уште поквалитетна грижа за пациентите.
Остануваме посветени на континуирана едукација, следење на најсовремените медицински практики и имплементација на врвни глобални стандарди, со цел да понудиме сеопфатна, професионална и современа поддршка во справувањето со дебелината како комплексен здравствен предизвик.




