ЦЕНТАР ЗА МАЈКА И БЕБЕ
Целосна грижа и посветеност за трудницата во текот на целата бременост, максимална безбедност и грижа во тек на породувањето, како и во постпородилниот период.
Преглед на одделот
Центарот за мајка и бебе обезбедува целосна грижа и посветеност за трудницата во текот на целата бременост, максимална безбедност и грижа во тек на породувањето, како и во постпородилниот период.
Нашиот пристап кон трудницата се базира на доверба, експертиза и внимателна комуникација со секоја бремена жена. Без разлика дали породувањето ќе биде по природен пат или оперативно со царски рез, сè се одвива со јасен план и континуирана поддршка. Центарот е дизајниран и организиран да обезбеди пријатно чувство и максимална безбедност на трудницата и родилката во секое време.
Во рамки на центарот се обезбедува и специјализирана неонатална грижа за новороденчињата, со rooming-in престој заедно со мајката и можност за постојано присуство и едукација на родителите. Кај новороденчиња кои имаат потреба од повисок степен на надзор, достапна е интензивна неонатална нега и специјализиран медицински транспорт.
Болести и состојби
Во одделот се следат и третираат:
Физиолошка (нормална) бременост
Патолошка бременост
Ризична и високоризична бременост
Предвремено породување
Мултипла бременост
Фетални малформации и хромозомски абнормалности
Неонатална жолтица
Прематуритет и екстремно предвремено родени бебиња
Белодробни, метаболни и инфективни состојби кај новороденчиња
Перинатална асфиксија и други компликации при породување
Дијагностика и третмани
Во Центарот за мајка и бебе се применуваат современи дијагностички методи и третмани кои овозможуваат безбедно следење на бременоста, навремено препознавање на ризици и соодветна грижа за мајката и новороденчето.
Редовна проценка на состојбата на мајката и плодот, со следење на растот, развојот и текот на бременоста.
Детална визуелизација на плодот и проценка на крвотокот во папочната врвца, плацентата и феталните крвни садови.
Следење на срцевата работа на плодот и маточните контракции, особено во подоцнежна бременост и пред породување.
Биохемиски и ултразвучен скрининг за проценка на ризик од хромозомски абнормалности и одредени вродени состојби.
Неинвазивни и инвазивни методи за рана проценка на хромозомски абнормалности и генетски нарушувања кај плодот.
Инвазивни дијагностички процедури кои се применуваат кога постои медицинска индикација за подетална генетска анализа.
Детален морфолошки преглед на плодот за рано откривање на структурни аномалии и развојни неправилности.
Рутински и специфични испитувања за следење на здравствената состојба на трудницата и навремено откривање на инфекции, анемија, метаболни или други нарушувања.
Во рамки на акушерскиот третман се обезбедуваат:
Водење на вагинално породување со континуирано следење на мајката и плодот и поддршка во секоја фаза од породувањето.
Оперативно завршување на бременоста кога постои медицинска индикација или кога тоа е најбезбедна опција за мајката и бебето.
Современ анестезиолошки пристап кој овозможува поголем комфор и контрола на болката за време на породувањето.
Следење и третман на ризични бремености со индивидуализиран план и почести контроли.
Процедури кои се применуваат при одредени состојби за продолжување на бременоста и намалување на ризикот од компликации.
Кај новороденчињата се обезбедуваат:
Mониторирање на телесна температура, срцева фреквенција, кислородна сатурација, дишење и општа состојба на новороденчето.
Дијагностички процедури за проценка на состојбата на новороденчето, особено кај ризични или предвремено родени бебиња.
Рана детекција на вродени нарушувања со цел навремено следење и третман.
Третман на новороденчиња со потешкотии во адаптацијата, дишењето или други сериозни состојби.
Практична и едукативна поддршка за мајката во воспоставување на доење и секојдневна грижа за бебето.
Технологија и опрема
Центарот за мајка и бебе располага со современа технологија и специјализирана опрема која овозможува безбедно следење на бременоста, сигурно породување и интензивна грижа за новороденчињата.
Модерна родилна сала со конфигурабилен родилен стол
овозможува приспособување на положбата на трудницата и поголем комфор за време на породувањето, како и подобри услови за работа на медицинскиот тим.Современа операциона сала
целосно опремена за изведување на царски рез и други акушерски интервенции, со можност за брза реакција во итни состојби.4D ултразвучен апарат
овозможува детална визуелизација на плодот, следење на неговиот развој и рано откривање на евентуални аномалии.Колор-доплер систем
се користи за проценка на крвотокот помеѓу мајката, плацентата и плодот, особено кај ризични бремености.Кардиотокограф (CTG)
апарат за континуирано следење на срцевата работа на плодот и маточните контракции, пред и за време на породувањето.Хибридни болнички соби за мајка и бебе
овозможуваат rooming-in престој, односно мајката и бебето да бидат заедно од првиот ден, во пријатна и безбедна средина.Panda ресусцитатори и T-реаниматори
специјализирана опрема за итна стабилизација и реанимација на новороденчиња веднаш по раѓањето.Инкубатори и транспортен инкубатор
обезбедуваат контролирана температура, влажност и услови за нега кај предвремено родени и ризични новороденчиња, како и безбеден транспорт кога е потребно.Неонатални вентилатори за инвазивна и неинвазивна вентилација
се користат кај новороденчиња со респираторни потешкотии и овозможуваат прецизна поддршка на дишењето.Монитори за континуирано следење
овозможуваат постојано следење на пулс, сатурација, крвен притисок, дишење и температура кај мајката и новороденчето.Фотоламби и билиќебе
се користат за третман на неонатална жолтица преку безбедна и контролирана фототерапија.Апарат за скрининг на слух
овозможува рано откривање на евентуални нарушувања на слухот уште во првите денови по раѓањето.ЕХО апарат за новороденчиња
се користи за проценка на срце, мозок и внатрешни органи кај новороденчиња со потреба од дополнителна дијагностика.Сетови за централни умбиликални катетри
овозможуваат сигурен венски пристап и примена на терапија кај критично болни или екстремно предвремено родени бебиња.
Специјалисти
Д-р Владимир Кижески
Специјалист по гинекологија и акушерство
Доц. д-р Ирена Андонова
Специјалист по акушерство и гинекологија
Д-р Јелена Голубовиќ Симјановски
Специјалист по гинекологија и акушерство
Прим. д-р Менду Јегени
Специјалист по гинекологија и акушерство
Проф. д-р Елена Џикова
Специјалист по гинекологија и акушерство
Супспецијалист по перинатологија
Д-р Рената Димитриоска
Специјалист по педијатрија
Супспецијалист по неонатологија
Д-р Маја Анѓелеска
Специјалист по педијатрија
Д-р Станислава Анѓелеска
Специјалист по педијатрија
Патот на трудницата
Првичен преглед
Aнамнеза, акушерски и ултразвучен преглед, проценка на бременоста и создавање индивидуален план за породување, со запознавање со тимот и родилната сала.
Следење на бременоста
Редовни гинеколошки и ултразвучни контроли, кардиотокографија и дополнителни испитувања според потребите на бременоста.
Породување
Спонтано или со царски рез, со можност за безболно породување и постојано присуство на акушерски, анестезиолошки и неонатолошки тим.
Постпородилна грижа
Следење на мајката и новороденчето, поддршка за доење, едукација за нега и rooming-in престој.
Постнатални контроли
Гинеколошки и педијатриски прегледи и следење на закрепнувањето и развојот на бебето.