• 0

Пред околу една и пол година, пациентката Афаф Елмради беше подложена на комплексна кардиоваскуларна операција, која бараше исклучителна хируршка прецизност, искуство и внимателно планирање. Операцијата  ја изврши проф. Д-р Жан Митрев, со што започна еден значаен дел од нејзиниот медицински пат.

Беше извршена реконструкција на аортниот корен со замена на асцендентната аорта со васкуларна протеза, како и реимплантација на левата и десната коронарна артерија на протезата. Станува збор за комплексна кардиохируршка интервенција позната како Тајрон Давид процедура, со која се реконструира аортниот корен и се заменува заболениот дел од асцендентната аорта, со зачувување на природната аортна валвула кога анатомските услови го дозволуваат тоа.

Ваквите операции бараат високо ниво на стручност и прецизност, особено поради комплексната анатомија на аортниот корен и потребата од повторно поврзување на коронарните артерии. Но, нејзиниот медицински пат не заврши со кардиохируршката интервенција.

Во период од само два месеца. Пациентката се соочи со уште два значајни ортопедски предизвици. Најпрво, поради скршеница на склочниот зглоб, беше подложена на оперативен третман , а кратко потоа следуваше и операција за вградување на тотална ендопротеза на левото колено.

Двата ортопедски зафати ги изврши д-р Сашо Младеновски, кој имаше важна улога во третманот на овие две состојби. Реализацијата на двете операции во релативно краток временски период, по претходната комплексна кардиохируршка операција, ја нагласува потребата од внимателно планирање и индивидуален пристап кон секој пациент.

Приказната Елмради е пример за предизвиците со кои може да се соочи еден пациент во текот на лекувањето и значењето на стручноста, хируршката прецизност и координираната медицинска грижа. Таа потсетува дека современата медицина не се состои само од поединечни оперативни зафати, туку и од внимателно поврзување на различните фази на лекување, со цел зачувување на здравјето, враќање на функционалноста и подобрување на квалитетот на животот.

Мими може да ви помогне во закажувањето на Вашиот термин