Брза дијагностика на белодробна емболија

Дневна доза здравје

јануари 28, 2025

Белодробна емболија претставува болест која се карактеризира со згрутчување на крвта кое го блокира, запира протокот на крв во белодробните артерии кои ги снабдуваат белите дробови. Во повеќето случаи, згрутчувањето на крвта започнува во длабока вена на ногата и патува до белите дробови, и тогаш зборуваме за венски тромбемболизам. Но постои белодобрна емболија која настанува ин ситу, без предходна длабока венска тромбоза и тогаш најчесто се работи за генетски пореметувања во коагулацијатана крвта.

Бидејќи е можно едно или повеќе згрутчувања да го блокираат протокот на крв во белите дробови, белодробната емболија може да биде опасна по живот. Сепак, навременото дијагностицирање и навремено започнато лекување во голема мера го намалува ризикот од смрт.

Како да препознаете дека имате белодробна емболија?

Симптомите на белодробна емболија може да варираат во зависност од тоа колкав дел од вашите бели дробови се засегнати, големината на згрутчувањето и дали имате друга белодробна или срцева болест.

Вообичаените симптоми вклучуваат:

-Губење здив, задишување – овој симптом обично се појавува ненадејно, присутен е и кога се одмарате и се влошува при физичка активност.
-Болка во градите – можеби ќе се чувствувате како да имате срцев удар. Болката е често остра и се засилува при длабоко вдишувње, а може и да ве спречи да земете длабок здив. Може болката да ја почувствувате и кога кашлате, се наведнувате или се свиткувате.
-Несвестица – може да се онесвестите ако ненадејно ви падне пулсот или крвниот притисок. Ова се нарекува синкопа.

Други симптоми кои можат да се појават со белодробна емболија вклучуваат:

-Кашлица која може да вклучува крвава или крвава слуз
-Брзо или неправилно чукање на срцето
-Зашеметеност или вртоглавица
-Прекумерно потење
-Треска
-Болка или оток во нозете, или и двете, обично во задниот дел на потколеницата
-Бледило или модра кожа на лицето, наречена цијаноза

Сите овие симптоми ги среќаваме и кај други заболувања, особено срцеви, заради што може да се случи да бидете несооодветно дијагностицирани и лекувани. А всушност, кога се работи за венски тромбоемболизам, лекувањето е специфично. Затоа, мора да споменеме дека брзото започнување со соодветна, ефикасна антикоагулантна терапија може да овозожи целосно излекување на болеста.

Кога да одите на лекар?

Белодробната емболија е болест која  е животозагрозувчка. Побарајте итна медицинска помош ако почувствувате необјаснет губиток на здив или отежнато дишење, болка во градите или несвестица.

Кои пациенти се склони кон развој на белодобрна тромбоемболија?

Сите оние кои имаат елементи од Вирхофовата тријада: стаза, хиперкогулабилност и повреда на крвниот сад, се склони кон развој на венски тробоемболизам. Оваа состојба може да се појави и како компликација од други различни заболувања на организмот.  

Засегнати се старите изнемоштени лица и бремените жени, односно сите оние кои поради друга причина се легнати во кревет, неподвжни, лица кои работат долго во седечка положба (заседнати), обезни и пациенти со разни видови на карцином кои имаат хиперкоагулабилност на крвта, како и луѓе со генетски проблеми на коагулација на крвта.

Дијагностика

Откривањето на белодробна емболија може да биде тешко, особено доколу имате други заболувања на белите дробови и срцето. Но добрата вест е дека искусен кардиолог може брзо да постави дијагноза и да даде соодветни насоки за лекување. Вообичаена пракса во нашата клиника е: земање анамнеза, комплетен ултрасонографски преглед на срце и крвни садови и крвна слика со Д-Диметри кои служат за исклучување на ВТЕ. Понекогаш се потребни и дополнителни тестови и испитувања како РТГ на белите дробови, КТ на белите дробови, Пулмоангиографија или МР на бели дробови. Во нашата клиника сите овие видови испитувања се веднаш достапни, а искусната д-р Снежана Бонгард – специјалист кардиолог е достапна за прегледи и консултации на оваа и сите останати кардио теми