• 39

Нашиот Д-р Димче Марковски, специјалист по оториноларингологија, учествуваше на Armenian-Bulgarian International Conference „Unlimited Rhinology & Global ENT Perspective“, која од 3 до 5 септември се одржа во Ереван, Ерменија.

На конференцијата, која ги обединува домашни и меѓународни експерти од областа на ринологијата, оториноларингологијата, хирургијата на глава и врат и сродните специјалности, д-р Марковски ја претставува Клиничката болница „Жан Митрев“ со стручна презентација на приказ на случај: „Varicella complication or Gradenigo syndrome?“.

Настанот е посветен на современите пристапи во дијагностиката и третманот, најновите достигнувања во оториноларингологијата и размената на искуства меѓу специјалисти од различни земји.

За нас, учеството на вакви меѓународни стручни настани е уште една можност за континуирано унапредување на знаењето, споделување искуства и следење на современите медицински практики, со една цел – примена на најдобрите достапни знаења во грижата за пациентите.

Гордост е кога македонската медицина има свој глас на меѓународната стручна сцена.

Мими може да ви помогне во закажувањето на Вашиот термин