• 27

Доколку имате гласно ‘рчење, прекини во дишењето за време на спиењето, будење со чувство на гушење, утринска главоболка или прекумерна поспаност во текот на денот, можно е да постои опструктивна sleep apnea.


Каде точно настанува блокадата на дишните патишта?

DISE (Drug-Induced Sleep Endoscopy) е современа дијагностичка процедура која овозможува да се види како се однесуваат дишните патишта во услови слични на природниот сон.


Како се изведува?

Пациентот лежи удобно и добива контролирана медикаментозна седација, со која се предизвикува состојба слична на спиење. Во текот на процедурата пациентот е под континуиран медицински мониторинг.

Со помош на тенок и флексибилен ендоскоп, кој внимателно се внесува низ носот, се прегледуваат горните дишни патишта додека пациентот спие.

На тој начин можеме да утврдиме:

  • каде се јавува стеснувањето или колапсот
  • дали проблемот е на ниво на мекото непце
  • дали постои опструкција во пределот на јазикот
  • каква е улогата на епиглотисот и останатите структури
  • дали постои една или повеќе точки на опструкција

По завршувањето, пациентот се буди под медицински надзор и најчесто по краток период на опоравување може да си замине дома според проценката на медицинскиот тим.

Зошто е важна DISE?

Кај секој пациент sleep apnea не настанува на ист начин. Затоа е важно да се открие точното место и механизмот на опструкцијата.

Резултатите од DISE можат да помогнат при изборот на најсоодветниот третман – CPAP, орални апарати или соодветна хируршка терапија, зависно од наодот.

DISE – прецизна дијагноза, подобар избор на терапија, индивидуален пристап.

📞 За повеќе информации и закажување термин, контактирајте нè на 02 3091 484

Д-р Данчо Шурков

Специјалист по оториноларингологија

Мими може да ви помогне во закажувањето на Вашиот термин