Сигурно сте слушнале како некои луѓе се жалат дека јадат на нервна база. Всушност ова и не е далеку од вистината. Станува збор за емоционален глад. Состојба предизвикана не од потребата за храна, туку од емотивни причини.
Емоционален глад – Симптоми и совети како да се справите
Од суштинско значење е да го согледаме нашиот однос кон храната. Честопати, се наоѓаме себеси како јадеме не само од физичка потреба, туку и од емоционални причини. Емоционалната глад може да стане штетна шема која влијае на нашата целокупна благосостојба. Во овој текст ќе објасниме што е емоционален глад, кои се симптомите и неколку совети за тоа како да се справите со него.
Што е емоционален глад?
Емоционалнниот глад се однесува на потребата да се јаде како одговор на емоции како што се стрес, анксиозност, тага или осаменост. За разлика од физичкиот глад, кој е сигнал од телото дека му се потребни хранливи материи, емоционалниот глад може да нè доведе до прејадување, честопати барајќи утеха во нездрави и несоодветни опции.
Симптоми на емоционалниот глад
Идентификувањето на емоционалниот глад е првиот чекор за борба против него. Дел од симптомите вклучуваат:
Јадење како одговор на емоции: Конзумирање на храна кога се чувствувате тажно, вознемирено или ви е досадно.
Специфични желби: Барање храна која обично дава задоволство, како што се слатки или друга вкусна храна.
Прејадување: Имате тешкотии, проблем ви е да престанете со јадење, дури и ако не сте гладни.
Чуство на каење/вина после јадење: Чувство на каење за она што сте го изеле, често поврзано со недостаток на контрола.
Исклучување од физичка глад: Не обрнувате внимание на сигналите за ситост или глад кои ви ги испраќа вашето тело.
Совети за борба против емоционалната глад
Препознајте ги вашите емоции: направете свесен напор да идентификувате што чувствувате пред да јадете. Прашајте се дали сте навистина гладни, можеби жедни или се обидувате да се справите со некоја емоција.
Барајте алтернативи: наместо да се свртите кон храната, обидете се да преземете други активности кои ви помагаат да ги врамотежите емоциите, како што се вежбање, медитација, разговор со пријател или пак прошетка.
Одредете време/распоред за оброци: Следењето редовен распоред за вашите оброци и закуски може да ви помогне да направите разлика помеѓу емоционалниот и физичкиот глад.
Потрудете се да бидете внимателни: јадете свесно, уживајќи во секој залак и обрнувајќи внимание на знаците за ситост. Ова може да ви помогне да препознаете кога навистина ви е доста и треба да прекинете со јадење.
Практикувајте добро осмислени оброци со здрава исхрана и ограничете го пристапот до суплементи кои зголемуваат апетит.
Побарајте професионална поддршка: Ако сметате дека емоционалниот глад значително влијае на вашиот живот, консултирајте се со стручно лице.
Во одредени моменти храната може да биде извор на утеха, но важно е да се направи разлика меѓу физичката и емоционалната потреба за храна. Потребно е да одвоиме малку време да размислиме за нашите избори и да го балансираме нашиот однос со храната.
Поврзани Новости
14.02.2025
Грип=Инфлуенца
Инфлуенцата или попозната како грип не е само обична „настинка“. Инфлуенцата лесно може да предизвика сериозни компликации, особено кај малите…