• 35

Со големо задоволство ги пречекавме учениците од СОУУД ,,Димитар Влахов” од Струмица кои дојдоа во посета на Клиничката болница ,,Жан Митрев”.

Ова претставуваше одлична можност за младите идни здравствени работници, кои патем се втора година на одделот медицински сестри, одблиску да се запознаат со работата и функционирањето на една современа здравствена установа.
Учениците имаа можност да видат како изгледа секојдневието на медицинските професионалци, особено како функционира односот доктор-сестра, да се запознаат со современата медицинска опрема и технологија, како и да дознаат повеќе за различните области на здравството.

Преку непосредна комуникација со медицинскиот персонал, учениците добија драгоцени практични сознанија и можност да постават прашања поврзани со професијата, одговорностите и предизвиците со кои се соочуваат здравствените работници, со акцент на сестринството и начинот на кој се станува вистински посветена медицинска сестра, која во секој миг ќе биде ,,будна” за своите пациенти.

Ваквите средби се особено значајни за младите, бидејќи им овозможуваат теоретското знаење стекнато во училишните клупи да го поврзат со практиката и да ја почувствуваат динамиката и одговорноста на медицинската професија.

Им благодариме на учениците и наставниците од СОУУД ,,Димитар Влахов” за посетата и нивниот интерес, љубопитност и ентузијазам. Со надеж дека ова искуство ќе биде дополнителен поттик за нивниот понатамошен развој и можност за остварување на нивните цели во здравството.

Мими може да ви помогне во закажувањето на Вашиот термин