00389 2 3091 484
април 11, 2025
Во организација на унијата на ЗМСТАС, предводена од здружението ,,За нас,, а под покровителство на нашата клиника, беше одржана првата интернационална конференција на медицински сестри која обедини над 200 учесници од Југоисточна Европа. Темата на оваа историска конференција беше Патот на автономија на сестринството. Пред големиот број делегати и гости од регионот, се обратија организаторката и претседателот на Европската асоцијација на здруженија на медицинските сестри, а беа оджани и неколку панел дискусии. Доделени беа и почесни плакети на здравствени установи, тимови и поединци.